Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите имаат нов селектор, Миленкоски ќе има друга улога

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација нема повеќе да биде предводена од нашиот најдобар тренер Јошко Миленкоски.

Миленкоски во иднина ќе има друга улога, ќе остане во стручниот штаб како советник, поточно ќе му асистира на Хари Наковски кој ја доби улогата да биде селектор на „спартанците“.

-Сакам да упатам благодарност до ОФМ, голема чест е да се наследи и да се работи со Јошко како наше најголемо тренерско име. Се надевам дека со добро здравје и со добра работа ќе ја исполниме целта, -порача Наковски.

Нашата селекција ја очекува настап во Европска златна лига и тоа во мај и јуни, поточно во наредниот период не очекуваат мечеви со Естонија, Чешка, Азербејџан, Белгија, Хрватска и Шпанија.

Александар Љафтов нема да игра во овој сегмент, Филип Деспотовски се пензионираше од репрезентацијата, па шанса ќе добијат Михајло Мирасчиев од Штип УГД и Кристијан Илиев од Струмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни