Поврзете се со нас

Велосипедизам

Комплетиран историскиот настап: Петрова и Иванова со друмската трка се простија од велосипедскиот мундијал!

Објавено

на

Елена Петрова и Дуња Иванова како две најуспешни велосипедистки во Македонија на домашните државни првенства по првиот настап на светското првенство во Глазгов, Шкотска, кој претставуваше трка на хронометар, го комплетираа учеството со возење на друмската трка.

Патеката предвидена за овој потфат беше од Лох Ломонд до Глазгов, а на крајот се возеа и шест круга низ улиците на градот домаќин, со вкупна должина од 154,1 километар. Согласно пропозициите, беше дозволено максимално доцнење од 10% во однос на времето на водечките, поради што за македонските претставнички трката заврши малку порано, односно поради заостанувањето не им беше да влезат во последната фаза со шест круга низ градските улици, за да не се создаде недоразбирање во поглед на пласманот и кој колку води или задоцнува, па нивните времиња се изземени од финалната табела.

Победата и припадна на Лоте Копеки од Белгија со време од 4 часа, две минути и дванаесет секунди, а како финиширани се наведени само 86 од 208 стартери.

Петрова и Иванова претходно оваа година ја докажаа својата висока класа меѓу ентузијастите кои се натпреваруваат на „Гран Фондо“ трките, при што освоија пласмани на пиедесталот на трката во Умаг, Хрватска, но во овој случај наместо во таа конкуренција, одбраа да возат меѓу професионалците и да се борат за поени на листите од Интернационалната велосипедска унија (UCI).

Во претходната трка на хронометар, Петрова која е државна шампионка на Македонија се пласираше на 70 место, додека Иванова беше на 74 позиција.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни