Поврзете се со нас

Репрезентација

Женската У-19 репрезентација со трета победа до промоција во А лигата

Објавено

на

Фото: ФФМ

Македонската женска У-19 фудбалска репрезентација забележа и трета победа на квалификацискиот турнир од втората рунда на Б лигата и со максимален учинок обезбеди промоција во најквалитетната А лига.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко денеска го победија Велс со 2:1 и стигнаа до максимални девет бода, откако претходно ја совладаа Литванија, како и домаќинот Молдавија во првото коло.

Петкова уште во 2. минута донела предност за Македонија, Френсис израмнила за Велс во 21. минута, а решавачкиот гол е постигнат преку Села во 50. минута од средбата.

Со освоеното прво место во групата, македонската репрезентација си обезбеди место во првата квалификациска рунда на А лигата во сезоната 2024/25.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни