Поврзете се со нас

Олимписки игри

ФИФА ги одреди групите за олимпискиот турнир, во Париз ќе го нема актуелниот шампион

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/iocmedia

Олимписките игри во Париз ќе донесат и атрактивен фудбалски турнир, а денеска со ждрепка се одредени и групите за првата фаза.

Дидие Дрогба и Хавиер Савиола биле меѓу специјалните гости на ФИФА, кои учествувале во извлекувањето на топчињата од садовите, а составот на групите најавуваат неколку интересни дуели уште во групната фаза.

Во групата А, Франција ќе има натпревар со САД, Аргентинците ќе се соочат со Мароко и Украина, додека Шпанија за противници ги доби Доминиканската Република и Египет. Не се познати уште трите претставници на Азија, кои ќе бидат одредени следниот месец на квалификациски турнир во Катар, како и победникот од баражот во кој ќе се соочат Гвинеја и претставник на Азија.

Покрај во Париз, натпреварите ќе се играат и во Бордо, Ст. Етјен, Лион, Марсеј и Нант, а најголемо изненадување е што на турнирот ќе го нема актуелниот олимписки шампион Бразил, кој не успеа да се квалификува на завршниот турнир.

Извлечена е ждрепка и за турнирот во женска конкуренција, а таму уште во групата ќе се сретнат Шпанија и Бразил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни