Поврзете се со нас

Одбојка

Штип УГД и Струмица ги освоија трофеите во Купот на Македонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/volleyballmkd

Екипите на Штип УГД и Струмица за прв пат во нивните истории успеаа да ги освојат трофеите во Купот на Македонија.

Одбојкарите на Штип УГД во еден супер и драматичен меч славеа над Струмица со 3:2 во сетови (22:25, 25:22, 19:25, 25:21, 15:13). Домаќините двапати беа во негатива, успеваа да израмнат во сетови за да во решавачкиот „период“ со 15:13 ја израдуваат публиката во салата „Јордан Мијалков“.

Најефикасен во финалето беше коректорот на на гостите Омхени со 28 поени, додека кај победникот во прв план беше Задмард со 26 поени.

Кај дамите пак Струмица беше доминантна во мечот со Јанта Волеј со 3-0 во сетови. Струмичанки славеа со 25:20, 25:12 и 25:14, најефикасна беше  Здјелар со 15 поени, Шкечиќ пак беше најголема поддршка со 12 освоени поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни