Мото ГП
Игра на судбината: Братот на Роси го менува Маркез во Хонда (Фото)
Марк Маркез соопшти дека ја напушта Хонда после цели 11 сезони и веќе беше потврден како нов возач на Дукати Гресини, а тоа направи јапонскиот великан да мора да повлече важен потег за наредната сезона.
Репсол Хонда донесе конечна одлука дури по завршувањето на последната трка која вчера се возеше во Валенсија, со тоа што само ги потврди шпекулациите кои кружеа во јавноста веќе некое време.
Јапонскиот тим ја извести јавноста дека нов возач за следната сезона ќе биде Лука Марини, италијанскиот возач кој инаку е помал брат, или поточно полу-брат на легендарниот Валентино Роси.
„Докторот“ ја заврши кариерата во нарушени односи со Маркез и Шпанецот беше негов најомразен ривал, а судбината сега посака неговиот брат да го наследи Марк во Хонда.
– Сега е официјално, си го исполнив сонот. Ќе дадам се од себе, – порача Марини кој стави потпис на двегодишен договор.
Марини во досегашната кариера 53 пати беше дел од „кралската класа“ и има освоено два подиума, а интересно е што ќе вози за фабричкиот тим на Хонда со кој Валентино ги освои своите први три титули во кариерата.
View this post on Instagram
“We’ve studied @Luca_Marini_97‘s progress and felt he was a good fit” 🗣️
Alberto Puig, @HRC_MotoGP Team Manager, expands on the reasons behind signing the Italian 🤝#MotoGP2024 | VIDEO 👇https://t.co/iI599lhycv
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 27, 2023
-
Шпанија20 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија18 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија22 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија18 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот