Поврзете се со нас

Зимски спортови

Видеолотарија ќе го спонзорира развојот на скијачкиот талент Мирко Лазаревски

Објавено

на

Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот Играј со најдобрите, обезбедивме спонзорство за скијачкиот клуб Работнички.

Средствата од спонзорството ќе се искористат за подготовка и настап на алпскиот скијач Мирко Лазаревски на меѓународните натпреварување во сезоната 2024/2025.

Мирко Лазаревски е најдобар македонски скијач во неговата возрасна категорија. Тој учествувал на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.

Мирко очекува солиден настап на меѓународните натпреварувања во новата сезона. Поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија ќе му помогне во подготовките и настапот на натпреварите кои ќе следат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни