Поврзете се со нас

АТП

Србљак ги мина квалификациите, но загуби во првото коло во Куршумлијска Бања

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонскиот тениски ас, Горазд Србљак не успеа да избори пласман во второто коло на фјучерсот што се игра во Куршумлијска Бања, Србија.

Србљак дојде до главниот турнир, фаза преку квалификациите за да денеска излезе на мегдан со Емилиен Демане од Белгија и загуби со 2-0 во сетови на теренот број два. Белгиецот славеше со 6-3 и 6-4 по скоро два часа игра и тоа во дуел во кој подобро ги користеше брејк шансите (6/9 наспроти 4/10).

Во Куршумлијска Бања настапува и нашата тенисерка Магдалена Стоилковска која преку Маша Танасовиќ од Србија дојде до второто коло во кое за ривал ќе ја има Наталија Шениќ која ја има улогата на шеста носителка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни