Поврзете се со нас

Европски првенства

Хап: Се е полесно кога го имаш Нено за соиграч (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонија се избори за победа над Полска од 96:71 во вториот меч во квалификациите за Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ доминираа во Сосновиец и сосема заслужено дојдовме до победа со која овој „прозорец“ го затвареме со учинок 1-1.

И на овој меч одличен во националниот дрес беше натурализираниот Американец, Итан Хап кој реализираше 19 поени со 7 скока, 5 асистенции, 5 украдени топки и 1 блокада, односно заедно со фантастичниот Ненад Димитријевиќ (32 поени, 8 скока, 8 асистенции и 1 украдена топка) беа клучни за ова важно славје кое ќе ни донесе самодоверба, енергија за продолжението од циклусот.

Јончевски: Ќе продолжиме да ги бараме нашите шанси за ЕП, ова е апсолутно заслужено!

-Селекторот одлично нè подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, само треба да му ја дадеш топката и да играш, импресивно беше да се гледа како игра. Како што рече селекторот, секој што се појави на паркетот има удел за денешната победа- истакна Хап.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни