Поврзете се со нас

Мото ГП

Мартин потклекна под притисокот, Бањаја ја одбрани титулата во Мото ГП

Објавено

на

Foto:twitter.com/MotoGP

Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја ја одбрани титулата светски првак, откако ова попладне излезе како победник на трката во Валенсија со која беше затворена трката во Мото ГП.

Популарниот Чеко дозна дека е старо-нов шампион откако главниот предизвикувач излета уште на стартот, бидејќи Хорхе Мартин не го издржа притисокот и обидувајќи се да форсира, направи грешка која скапо го чинеше.

Мартин бркаше негатива и мораше да чека грешка на Бањаја на завршната трка, но наместо тоа, истата пристигна од негова страна и тој со солзи во очите се упати во боксот.

Бањаја возеше без притисок и како нов шампион на крајот стигна и до првото место, со што само дополнително го разубаве денот за себе, но и за неговиот тим Дукати.

Италијанецот заслужено ја одбрани титулата и речиси цела сезона беше на првото место, но на крајот истата е послатка бидејќи го врати Мартин во игра, но сепак го одбрани врвот со подобрите изданија на одлучувачките три завршни трки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни