Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити одмори во изминатите пет дена и можеше да собере сили за натпреварот против Брајтон во домашното првенство, а кратката пауза очигледно добро им дојде на избраниците на Пеп Гвардиола.

Шпанецот им даде два слободни дена по полуфиналето со Челси со цел играчите да се опорават од натчовечките напори кои ги вложија на мечот со Реал Мадрид, па со победата од 0:4 на „Амекс“, актуелниот шампион повторно се издвојува како главен фаворит за трофејот.

По последните два порази на Ливерпул, многумина тврдат дека сега битката се сведува на Сити и Арсенал, но иако тоа го посочија и самите Клоп и Ван Дајк, Гвардиола сепак не се согласува со таквиот став.

– Ливерпул не е надвор од трката. Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи на нас, но и на Арсенал. Никој не е сигурен во оваа фаза од сезоната.

– Најважно од се е тоа што ние се уште сме тука и се уште сме во игра. Има уште многу натпревари и уште многу бодови, можат да се случат секакви работи до крајот. Сега е најважно да одмориме, да се опоравиме и да мислиме на следниот ривал, а тоа е мечот со Нотингем Форест, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни