Поврзете се со нас

Италија

Рома и Јувентус не ги искористија своите шанси, па освоија по еден бод на „Олимпико“ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Рома и Јувентус не реализираа многу шанси и на крајот мораа да се задоволат со по еден бод (1:1) од дербито на „Олимпико“, чиј резултат повеќе оди во прилог на гостинската екипа.

„Бјанконерите“ се обидуваат да го потврдат пласманот во Лигата на шампионите и не дозволија еден од директните ривали да ја намалат негативата, додека Рома останува во битка за една од првите пет позиции, додека се уште се надева на пресврт во дуелот со Баер во Лига Европа.

Резултатот го отвори Ромелу Лукаку во 15. минута, во ситуација кога Белгиецот се снајде најдобро на одбиена топка во шеснаесетникот на Јувентус, но Глејсон Бремер израмни петнаесет минути подоцна, фактички поставувајќи ги конечните 1:1.

Вториот дел донесе неискористени обиди на двете страни, па Рома и Јувентус завршија со реми, по кое разликата меѓу двата тима останува шест бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни