Поврзете се со нас

Италија

Милан носи тренер и напаѓач од Франција

Објавено

на

foto: twitter.com/SerieA

Милан ќе направи промени во тимот по крајот на оваа сезона, а една од нив се очекува да биде тренерската позиција која нема повеќе да ја врши Стефано Пиоли.

Пиоли во неколку наврати беше на излезна врата од „Сан Сиро“, меѓутоа секогаш успеваше да пронајде начин да остане со серија на добри резултати. Сепак овој пат ситуацијата е различна и информациите говорат дека стратегот сигурно си заминува, потврда за тоа е и фактот што клубот е во активна потрага по негов наследник.

Се очекуваше тоа да биде Хулен Лопетеги, ама по реакцијата на навивачите се тргна во нов правец и сега фаворит е Паоло Фонсека.

Тој го води Лил, но е отворен за враќање во Италија. Ако тој стане нов тренер на „црвено-црните“ тогаш лесно може да се случи Милан од Лил да добие и замена за Оливие Жиру кој кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Се работи за Џонатан Дејвид кој има договор до 2025 година и за кого би требало да бидат издвоени околу 45 милиони евра.

Канаѓанецот има 24 години и допрва се очекуваат најдобрите партии од него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни