Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ и Начо влегоа во историско друштво по освоената титула во Ла Лига (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ и Начо Фернандес продолжуваат да пишуваат своја историја во Реал Марид, па од вчера влегоа и во посебно и историско друштво на „Сантијаго Бернабеу“, од кое досега беа само два члена.

Карим Бензема и Марсело беа единтвените со 25 освоени титули како играчи на Реал и беа најтрофејни во историјата на клубот, но дел од тоа друштво сега се и Модриќ и Начо.

Двајцата вчера стигнаа до својот 25-ти трофеј како членови на „кралскиот клуб“, а прокнижената титула во Ла Лига е четврта за нив во домашното првенство.

Интересно, Модриќ и Начо имаат идентичен број на титули и заедно беа дел од секој голем успех во изминатата деценија, па покрај четирите титули во Ла Лига, имаат и 5 титули во Лигата на шампиони, 4 во европскиот Суперку, 2 во Копа дел Реј и 5 во шпанскиот Суперкуп.

За разлика од Марсело и Бензема, Модриќ и Начо имаат шанса да стигнат до 26 и да избијат сами на вечната листа, а тоа ќе се случи доколку ја освојат Лигата на шампионите по шести пат до крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни