Поврзете се со нас

Балкан

Црвена Звезда ја потврди седмата титула по ред во српското првенство

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/crvenazvezdafk

Партизан загуби од Војводина, а Црвена Звезда не пропушти можност со победа против ТСЦ Бачка Топола да ја потврди новата титула во српското фудбалско првенство.

Војводина го доби дуелот со „црно-белите“ со гол постигнат длабоко во судиското надополнување, додека лидерот славеше со 2:1 и стигна до недостижна предност на табелата.

Олајинка и Ендиаје ги постигнале головите за триумф на „црвено-белите“ во дуелот со тимот на нашиот Мирчевски кој не доби шанса против фаворитот, со што ја потврдија седмата титула по ред за составот од стадионот „Рајко Митиќ“.

До крајот на првенството има уште четири кола, а Црвена Звезда има 14 бодови предност во однос на Партизан.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни