Поврзете се со нас

Германија

Шест играчи на шампионот Баер го предводат тимот на сезоната во Бундеслигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/bayer04_en

Баер Леверкузен ја освои титулата во германското првенство, а дури шест играчи на оваа екипа обезбедија место во тимот на сезоната во Бундеслигата.

Фановите, претставници на клубовите и новинарите гласале во креирањето на најдобрата единаесетка, а очекувано таму доминираат членовите на тимот на Чаби Алонсо.

Во тимот на сезоната се Фримпонг, Та, Грималдо, Џака, Вирц и Бонифејс, додека најголемиот ривал Баерн Минхен има двајца претставници, односно Хари Кејн и Џамал Мусиала.

Голманската позиција ја резервираше Грегор Кобел од Борусија Дортмунд, а два претставника има позитивното изненадување Штутгарт (Валдемар Антон и Серу Гираси).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни