Поврзете се со нас

Македонија

Нов потпис кај „гладијаторите“: Кукуловски го замени Брно со Охрид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/HandballBrno

Поранешниот ракометар на Вардар и Еурофарм Пелистер, Дејан Кукуловски ќе го носи дресот на ГРК Охрид во наредната сезона.

Кукуловски се одлучи да се врати во Македонија и по епизодата во Чешка во редовите на Брно потпиша едногодишен договор со „гладијаторите“.

-Среќен сум што повторно се враќам во Македонија. Охрид прерасна во голем и амбициозен клуб. Верувам во овој тим и ќе дадам се од себе да помогнам за што подобар пласман во наредната сезона и се надевам заедно ќе имаме одлични резултати, -порача бекот.

foto:www.facebook.com/hcohrid

Инаку Охрид со победата над Пролет 29:22 официјално обезбеди пласман во европските купови во натпреварувачката 2024/2025.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни