Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул го надигра Тотенхем и им се врати на победите во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Екипата на Ливерпул го надигра Тотенхем и им се врати на победите во Премиер лигата.

„Црвените“ во претходните две рунди разочараа со Вест Хем и Евертон и со тоа „си пукаа во нога“ кога е во прашање трката за титулата.

Денеска избраниците на Клоп не дозволија никакво изненадување и славеа со 4-2 на „Енфилд Роуд“. Се тргна од голот на Салах во 16 минува, водство кое беше активно до 45 минута кога дефанзивецот Робертсон зголеми на 2-0.

Гакпо и Елиот од 50 до 59 погодоција за 4-0 за домаќините по што стана јасно каде ќе завршат трите бода. Во продолжението „петлите“ беа поактивни и го ублажија поразот со погодоците на Ришарлисон и Сон во 72 и 77 минута.

Сега Ливерпул има 78 бода, пет помалку од лидерот Арсенал на две кола до крајот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни