Поврзете се со нас

Млади спортисти

Општина Кавадарци ќе биде дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Објавено

на

Учениците кои посетуваат настава во основните училишта во Кавадарци ќе се стекнат со знаења за врсничко насилство. Оваа активност е дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со цел поефикасна реализација, општината и компанијата потпишаа меморандум за соработка.

На „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија 20 општини. Работилници се одржаа во над 40 училишта, а на нив учествуваа неколку илјади ученици. Истите се во тек во дел од општините, а во останатите ќе се одржат во периодот што следува.

Во текот на работилниците, учениците, преку разговор и вежби кои што ги води психолог со долгогодишно искуство со темата, разгледуваат повеќе аспекти на врсничкото насилство. На овие средби учествуваат и стручните служби кои што имаат можност да се стекнат со знаења што потоа можат да ги применат во секојдневната настава. Младите, наставниците, но и психолозите и педагозите, на работилниците се запознаваат со формите на булинг, како што се физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството.

Покрај Кавадарци, од почетокот на годинава и Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево се приклучија во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Претходно, во 2023 година, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

Вебсајтот kreniglas.mk е носечки дел на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. На оваа платформа се поставени детални информации, совети и искуства кои што можат да помогнат во препознавањето, соочувањето и потенцијалното разрешување на случаите со булинг. Со заштита на анонимноста, како клучна кога се разговара за овој проблем, секој што сака или чувствува потреба, може на вебсајтот да ја раскаже својата приказна поврзана со булингот. Дополнително, без откривање на личните податоци, исто така, преку интерактивни тестови може да се дознае дали некој бил извршител, жртва или набљудувач на случаи со врсничко насилство.

Со активостите што се дел од „Крени глас против врсничко насилство“, „Макпетрол“ реализира еден од своите страешки приоритети – општествената одговорност. Компанијата ја испраќа пораката „Стоп за булинг“ и цели кон поттикнување јавна дискусија и зголемен интерес за проблемот со врсничкото насилство. Покрај тоа, „Макпетрол“ се стреми да овозоможи поддршка и да креира услови за децата и младите во земјава да ги развиваат своите потенцијали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни