Поврзете се со нас

АТП

Надал издржа три часа на теренот и се пласираше во осминафиналето во Мадрид (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал е дел од тенискиот врв речиси две децении и освои безброј работи во својата кариера, но секоја наредна победа и натаму ја слави како да е прва за него.

Шпанскиот тенисер го продолжи своето убаво патување на Мастерсот во Мадрид и денеска го нанижа и својот трет предизвикувач, кој дефинитивно се погрижи Рафа да добие најсериозен тест досега по враќате на терените.

Аргентинецот Педро Качин го донесе до лимит „кралот на земјата“ и го натера да игра нешто повеќе од три часа тенис, но на крајот мораше да му подаде рака на својот идол.

Надал беше брилијантен во првиот сет и загуби само еден гејм во овој период од мечот кој беше најава за лесна победа, но по воведните 6:1, Качин заигра многу подобро, а Рафа значително падна во вториот сет.

Аргентинскиот тенисер имаше повеќе нерви во тајбрејкот и на крајот израмни на 1:1 во сетови, по што стана јасно дека Надал за првпат ќе игра трет сет, што автоматски беше сериозен тест за неговото тело. Со оглед на крајниот исход, може слободно да се каже дека Надал успешно го положи истиот, бидејќи Рафа направи два брејка и со 6:3 се пласираше во осминафиналето по три часа и четири минути игра.

Ривал во оваа рунда ќе му биде Јири Лехечка кој денеска славеше над Монтеиро со 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни