Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ ја презема одговорноста за болниот пораз: Го изневерив Кајри (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Далас се врати од минус 31 на четвртиот меч против Лос Анџелес Клиперс и во последните минути поведе со 105:104, но кога требаше да зададе завршен удар, домашниот тим остана без енергија.

Клиперси повторно го наметнаа своето темпо благодарение на Пол Џорџ и на крајот ја израмнија серијата на 2:2, па сега пред следниот меч во Лос Анџелес, јасно дека Мавериски ќе очекуваат многу повеќе од Лука Дончиќ.

Иако Словенецот го заврши вчерашниот меч со трипл-дабл учинок од 29 поени, 10 скокови и 10 асистенции, неговиот шут на реализација беше навистина лош, особено во ударите за три поени.

Свесен за тоа беше и самиот Лука, кој по мечот истакна дека се чувствува многу лошо, или поточно чувствува дека го изневерил својот соиграч Кајри Ирвинг кој едноставно беше најдобар играч на паркетот со 40 поени.

– Морам повеќе да му помогнам на Кајри, се чувствувам како да го изневерив. Морам да бидам тука за него, за тимот, морам повеќе да му помогнам. Тој даде се што има, неверојатен е во текот на цела серија, – изјави Дончиќ кој играше со повреда на коленото.

– Ме боли коленото, но тоа не треба да служи како изговор, – заврши Словенецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни