Поврзете се со нас

Зимски спортови

Словенецот Јанишек победи во Гармиш, Велингер останува лидер на „Четири скокалници“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/vier_schanzen

Словенечкиот претставник Анже Јанишек победи на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен, прва од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ 2023/24, која традиционално започнува во финишот на старата календарска година.

Јанишек го најави потенцијалот уште по првата рунда во која го освои второто место, а со вториот скок стигна до најдобар резултат по двете серии, оставајќи го зад себе Јапонецот Риоји Кобајаши.

Германецот Андреас Велингер е најдобро пласиран домашен натпреварувач, обезбедувајќи го најниското место на победничкиот пиедестал во Гармиш.

Третото место е доволно за Велингер да обезбеди минимална предност во генералниот пласман на турнејата, додека победникот во Оберздорд, Кобајаши, го следи од второто место.

Следниот, трет натпревар е на програмата во Инзбрук на 3. јануари, а турнејата ќе заврши во Бишофсхофен на 6. јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни