Поврзете се со нас

Европски купови

„Лавиците“ го дознаа ривалот за четвртфиналето во Европскиот Куп

Објавено

на

Foto: FB/Ѓорче Петров - ЖРК

Најдобрата македонска женска ракометна екипа, Ѓорче Петров го дозна ривалот за четвртфиналната рунда во Европскиот Куп.

Избраничките на Симе Симовски на денешната ждрепка во Келн добија шпански предизвик и тоа во името на составот на Елче. Тоа е тим кој во осминафиналето ја елиминираше португалска Мадеира со вкупни 59:49, а претходно беше подобар од ИБВ од Исланд со 69:42.

Елче се наоѓа на третата позиција во првата шпанска лига со учинок 11-3 што договолно говори дека пред „лавиците“ е сериозен тест во оваа фаза на натпреварувањето.

Ако клубот од Ѓорче Петров ја мине оваа пречка тогаш во полуфиналето оди на победникот од пресметката Гран Канарија и Гранољерс (шпански двобој).

Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 9/10 март, односно 16/17 март.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни