Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта најави важни промени во Барселона по останувањето на Чави: Од фановите барам едно нешто

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта и Чави Ернандес си подадоа рака и денеска излегоа заедно пред шпанските новинари да даваат образложенија, откако најнова одлука ја поништи онаа која беше донесена од тренерот во месец јануари.

Чави беше решен дека е вистинско време за повлекување од улогата шеф на стручниот штаб, но после три одминати месеци во кои тимот забележа значителен напредок, тренерот почувствувал и поддршка од сите раководни структури, што појасни дека било клучно за менување на одлуката.

Покрај Чави, свое обраќање пред новинарите имаше и Лапорта, кој не пропушти да нагласи од каква важност за проектот е останувањето на поранешниот капитен на првиот тим.

– Со огромно задоволство ве информирам лично дека Чави останува тренер на првиот тим на Барса. Тој даде своја изјава во јануари и најави дека си заминува, но вчера ми ја пренесе цела страст која ја носи во себе и порача дека верува во проектот и во тимот. Амбицијата за победа останува иста, но сега ќе бидеме уште покомпетитивни.

– Ќе се направат одредени промени и ќе бидеме уште подобри наредната сезона. Добивме добра вест, Чави е стабилност за клубот и за проектот. Чави е пример за младите фудбалери и нас ни е потребна стабилност. Посебно сме среќни што успеавме да го натераме да се премисли.

– Мене уште на самиот старт ми беше јасно дека ќе дојде дел од сезоната кога ќе ја разгледа својата одлука, затоа во ниту еден момент не баравме замена за Чави. Има голема страст и има добра конекција меѓу играчите и навивачите, мора да останеме позитивни. Имаме млад тим и светла иднина пред себе, сите сме сплотени во клубот и барам од навивачите само едно нешто, да веруват во овој проект. Заедно ќе оствариме големи успеси, – изјави Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни