Поврзете се со нас

Свет

Витезе собира донации за да спречи најлошо сценарио

Објавено

на

Холандскиот тим Витезе се најде во ризична ситуација поради финансиските проблеми и собира донации за да си обезбеди иднина во професионалните лиги во земјата.

Витезе по 35 години ќе испадне од првата холандска лига откако беше казнет со одземање 18 бодови поради прекршување на правилата поврзани со добиената лиценца, но сега неизвесен е и настапот во втората лига.

Клубот мора да обезбеди одредена сума со која ќе гарантира финансиска сигурност во текот на наредната сезона, а доколку не ја добие лиценцата му се заканува црно сценарио во кое ќе биде префрлен во аматерските натпреварувања.

Досега се собрани над 1 милион евра, донирале поранешни играчи, актуелните прифатиле намалување на платите за да му помогнат на клубот, а целата ситуација ја потврдил капитенот Марко ван Гинкел.

– Навистина е бизарен начинот на кој преживува Витезе во моментов, донации пристигнуваат од секаде, – изјавил Ван Гинкел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни