Поврзете се со нас

Шпанија

Порту со страшен гол ја потопи Барселона, Реал Мадрид и официјално е нов национален шампион! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/GironaFC

Барселона можеше да ја одложи заверата на шампионската титула за Реал Мадрид со победа на денешното дерби против Џирона, но тимот на Чави Ерннадес доживеа вистински колапс во второто полувреме и со самото тоа му овозможи на лутиот ривал да почне со славје на новиот трофеј во домашното првенство.

Реал Мадрид по 36-ти пат во својата клупска историја стана национален шампион, сето тоа како резултат на извонредната сезона на избраниците на Карло Анчелоти, кои денеска победија со 3:0 против Кадис, а дочекаа и нов пораз на Барселона.

Каталонскиот великан тргна добро во локалното дерби со Џирона и на полувреме водеше со 1:2 (Кристенсен, Довбик и Левандовски беа стрелци на головите), но потоа во второто полувреме следеше шок и се започна со грешката на Серхи Роберто.

Капитенот му ја додаде топката на Довбик и Украинецот несебично додаде до Порту, кој интересно постигна гол за 2:2 15-тина секунди по влегувањето во игра.

Веќе во следниот напад Порту беше асистент на голот за 3:2 кој го постигна Гутиерез, а за да режира партија за паметење, вистинскиот „џокер“ на Мичел постигна и гол за паметење за 4:2.

Порту зафати еден спектакуларен волеј во 74-та минута и го матираше Тер Штеген за 4:2, по што Џирона во овој момент ја добива битката со Барселона за второ место, а воедно оствари и историски пласман во Лигата на шампионите.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни