Поврзете се со нас

Англија

Мерсон има трансфер предлог за Артета: Со него Арсенал ќе биде на друго ниво

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал има сезона која е позитивна, сезона во која клубот напредуваше во Англија и Европа, меѓутоа тоа засега не е доволно за да се дојде до она најважното, титули или ова прашање не е затворено кога е во прашање Премиер лигата каде „топчиите“ математички се уште се во игра за тронот.

Меѓутоа што и да се случи, јасно е дека клубот од северен Лондон ќе мора да направи некои корекции, потези во летниот преоден рок со кои би биле уште подобри, покомпетитивни во натпреварувачката 2024/2025, па легендата на клубот Пол Мерсон има еден конкретен предлог за менаџерот Микел Артета.

Мерсон верува дека е потребен нов напаѓач, освежување во офанзивната линија и тоа со ангажман на Александер Исак од Њукасл.

-Тие (Њукасл) се голем тим, но не би бил изненаден ако некои од нивните ѕвезди заминат на друго место да освојуваат трофеи. Ако Арсенал потпише напаѓач како Исак, мислам дека ќе бидат на друго ниво, порачал Мерсон за „СпортсКеда“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни