Поврзете се со нас

Италија

Милан верува дека ќе ја добие битката за еден од најдобрите играчи во Серија А

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан ќе направи промени во својот состав и на тренерската позиција по крајот на оваа сезона, па сите навивачи на „црвено-црните“ со нетрпение ги очекуваат потезите со кои клубот би требало да биде покомпетитивен, поконкурентен за титули.

Повеќе од јасно е дека ќе има промени во нападот каде си заминува ветеранот Оливие Жиру кој во изминативе неколку сезони беше централна фигура во тој дел заедно со Рафаел Леао.

Се споменуваат неколку имиња, но според последните информации фокусот на „росонерите“ е ставен на холандскиот интернационалец, Џошуа Зиркзе. Зиркзе е еден од најдобрите играчи во Калчото сезонава и со неговите 11 гола и 5 асистенции даде огромен придонес во историскиот резултат на Болоња, пласманот во Лигата на шампионите.

Во Милано се убедени дека можат да ја добијат оваа трка со Арсенал, поточно во истата може да помогне Ибрахимовиќ и директорот Монкада.

Зиркзе има 22 години, во досегашната кариера има настапувано уште за Баерн Минхен, Андерлехт и Парма. Тој има договор со Болоња до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни