Поврзете се со нас

Германија

Тухел открил која е конечната одлука за неговото останување во Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел денеска зборувал пред новинарите во пресрет на последното коло од Бундеслигата, а за претставниците на медиумите најважна тема секако била неговото евентуално останување во редовите на Баерн Минхен.

Тухел и клубот уште во февруари најавија дека ќе се разделат по крајот на сезоната, но неуспешните обиди на Баерн да обезбеди негов наследник ги активираа шпекулациите дека германскиот стручњак може и да остане на клупата на минхенскиот великан.

Денеска, Тухел потврдил дека сепак нема да има пресврт и дека тој викендов ќе се збогува со фановите на Баерн.

– Ова е моја последна прес-конференција во овие простории.

– Договорот од февруари останува на сила. Точно е дека минатата недела имаше одредени преговори, но не најдовме заеднички јазик за продолжување на соработката, – изјавил денеска Тухел.

Баерн сезонава остана без трофеј, а засега се уште не е јасно кој ќе ја води екипата следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни