Поврзете се со нас

Италија

Лаутаро за неговата иднина: Преговараме за нов договор…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Лаутаро Мартинез има една супер успешна сезона во Интер, сезона во која даде 27 голови и со тоа даде голем придонес клубот да триумфира во Серија А и да го освои пехарот во Супер Купот на Италија.

Овие изданија дефинитивно ја зголемија неговата цена на трансфер пазарот, но „нероаѕурите“ не размислуваат за негова продажба и сакаат да ја продолжат соработката со аргентинскиот ас.

-Разговараваме на оваа тема, се надеваме дека ќе постигнеме договор, истакна Мартинез кој се надева дека еден ден ќе ја освои и „Златната топка“.

-Секако, секогаш велам дека работам да им помогнам на моите соиграчи и Интер и да ги доведам се повисоко и повисоко. Важни се индивидуалните награди, но најважна е екипата, -порача голгетерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни