Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Реал Мадрид донел одлука за Модриќ и Крос

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Иднината на Лука Модриќ и Тони Крос во Реал Мадрид е неизвесна поради фактот што договорите на двајцата фудбалери истекува летово, но „Марка“ денеска пишува дека клубот веќе донел конечна одлука.

Иако се очекува преговорите да бидат финиширани по финалето на Лигата на шампионите, медиумот тврди дека останувањето на Модриќ и Крос сега зависи исклучиво од фудбалерите.

Флорентино Перез и неговите соработници претходно размислувале за крај на соработката со ветераните, но сега донеле одлука дека треба да им се понуди нова едногодишна соработка, пред се поради влијанието во играта секогаш кога добиваат минутажа од Карло Анчелоти.

Модриќ и Крос сега имаат можност да бидат дел од Реал барем до следното лето, а останува да се види кога ќе бидат донесени и нивните конечни одлуки.

Модриќ имаше помала минутажа сезонава и треба да реши дали ќе прифати таков третман и следната сезона, додека во случајот со Крос останува во игра опцијата тој да реши да ја заврши кариерата, нешто што самиот го најавуваше и претходно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни