Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола испрати јасна порака до играчите на Сити: Заборавете на тоа…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити е во одлична позиција пред завршното коло во Премиер лигата или поточно сам одлучува за тоа дали ќе ја продолжи доминацијата со нова титула.

Сити има два бода повеќе од второпласираниот Арсенал што значи дека се освен победа за нив во дуелот со Вест Хем ќе биде голем шок разочарување, губење на тронот ако „топчиите“ пак слават над Евертон.

Пеп Гвардиола е убеден дека Арсенал нема да направи никаква грешка и им порача на своите избраници да не очекуваат никаква услуга од „карамалите“, односно да си ја завршат својата задача.

-Ако мислите дека Евертон ќе направи нешто, заборавате на тоа. Тие [играчите на Сити] знаат дека е победа или победа, инаку Арсенал ќе биде шампион во Премиер лигата, -вели Пеп.

-Ние би сакале да водиме со 3-0 по 10 минути, ама тоа нема да се случи. Подготвен сум за тоа да биде тежок, тежок натпревар. Сакам тоа да им го ставам во главата на играчите, „погледнете го Тотенхем [во вторник], како се бореше за секоја топка. [Вест Хем] ќе биде подготвен да не победи. Не се сомневам во тоа. Истото беше и со Астон Вила пред две години – тие беа на иста позиција, немаа за што да играат – и знаеме што се случи.

-Нашите луѓе мора да дојдат овде и да бидат подготвени од првата минута, да бидат со нас и да го направат тоа заедно. Дури и ако не го освоиме, [играчите] беа толку добри во овој период. Сепак, тука сме заедно, ништо нема да се промени.

-Но, ако ги прашате сите тимови од Премиер лигата на почетокот на сезоната која би била подобра позиција во последниот натпревар од сезоната, ние сме во најдобра позиција. Тоа е сигурно. Ни останува уште еден натпревар, судбината е во наши раце, -заклучи Шпанецот.

Завршното коло се игра утре од 17 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни