Поврзете се со нас

Англија

Артета не се откажува од титулата: Сонот се уште е жив…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Во недела се игра последното коло во Премиер лигата, а истото дефинитивно ќе биде одбележано од борбата за врвот, поточно за титулата каде се две екипи Манчестер Сити и Арсенал.

„Граѓаните“ се во пол позиција, имаа предност од два бода и играат дома со Вест Хем што значи се имаат во свои раце, но во Арсенал не се предваат и веруваат дека нивниот сон за титула се уште може да се оствари.

-Единственото нешто за кое разговаравме е дека треба да си дадеме можност да живееме убав ден во недела каде сонот е сè уште жив и е возможен. Тоа е фудбал и штом сме таму, мора да го живееме моментот. Моментот е да се игра како секоја недела, со разбирање дека за да се оствари сонот треба да победиме.

-Тоа е сигурно. Тогаш мораме да се надеваме дека Вест Хем ќе го оствари тој сон. Тој дел е на нас и тоа е единственото нешто на кое можеме да се фокусираме, -порача тренерот на „топчиите“, Микел Артета.

-Трофејот од Премиер лигата сè уште не бил на „Емирати“, а е изграден пред речиси 20 години. Тоа е долго, долго време. Мора да бидеме многу оптимисти. Трофејот ќе биде таму и можно е да ги завршиме нашите обврски, а потоа да чекаме и да видиме што ќе се случи, -додаде Шпанецот.

Арсенал во завршното коло го дочекува Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни