Поврзете се со нас

НБА

Минесота го прегази Денвер и закажа мајсторка со актуелниот шампион

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Timberwolves

Актуелниот НБА шампион Денвер доживеа тежок пораз на гостувањето кај Минесота (115:70), со што ќе мора да брка пласман во следната рунда на мајсторката пред своите фанови.

„Волците“ доминираа од почеток до крај на дуелот, стигнаа и до плус 50, за на крајот да слават со неверојатни 45 поени разлика, со што Денвер постигна анти-рекорд за најубедлив пораз на актуелен шампион во плејофот.

Едвардс ги предводел домаќините на листата стрелци со 27 поени, додека МекДениелс го завршил натпреварот со 21 поен.

Никола Јокиќ постигнал 22 поени, а зад него биле Гордон со 12 и Мареј со 10 поени, во повеќе од скромната вечер за Денвер.

Решавачкиот седми натпревар ќе се игра во недела навечер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни