Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике за заминувањето на Мбапе: ПСЖ ќе биде уште посилен тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе веќе официјално потврди дека ќе го напушти ПСЖ по крајот на сезоната, а тренерот на францускиот тим денеска веќе не можел да ги избегне новинарските прашања на оваа тема.

Луис Енрике јавно зборувал за соработката со досегашната прва ѕвезда на составот од Париз, како и за очекувањата за следната сезона.

– Можам да кажам само убави и позитивни работи за Килијан како човек и фудбалер.

– Ја разбирам неговата одлука, тука беше седум сезони и веќе е клупска легенда, му посакувам се најдобро во иднина.

– Горд сум што го имав во тимот, ни помогна во остварување на амбициите и тоа го правеше со насмевка на лицето. Ова е податок кој го знаевме подолго време, но дури вчера беше објавен јавно. Тоа не менува ништо во однос на нашите амбиции, ПСЖ и натаму ќе биде моќна екипа, а јас очекувам да бидеме уште подобри. Ќе донесеме фудбалери кои се ментално силни и ќе идентификуваат себеси со овој клуб, – рекол шпанскиот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни