Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ со еден коментар ги насмеа новинарите по дебаклот на Денвер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ и неговите соиграчи доживеаја преубедлив пораз на гостувањето кај Минесота и пласманот во следната фаза на НБА плејофот ќе мора да ја обезбедат на мајсторката на домашен терен.

Денвер го заврши шестиот дуел со негатива од 45 поени, а покрај солидниот учинок на актуелниот МВП на лигата, Јокиќ не можеше да ја спречи катастрофата на неговиот тим.

По средбата, српскиот центар морал да има комуникација и со новинарите, па успеал да најде сили и да се пошегува на сметка на својот клуб и резултатот кој е постигнат на гостувањето кај „волците“.

– Мислам дека ги имавме при резултат 9:2, нели? Во тие моменти ситуацијата не изгледаше добро за нив, – констатирал Јокиќ и ги насмеал присутните новинари.

Покрај раното водство, Денвер до крајот на првиот период постигна само 14 поени, со што беше најавен високиот пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни