Поврзете се со нас

АТП

Играчот кој сензационално го елиминираше Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето во Рим (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Алехандро Табило ја режираше најголемата сензација во Рим во третото коло на турнирот во италијанската престолнина, но откако го елиминираше Новак Ѓоковиќ, сега веќе не важи за изненадување на „Форо Италико“.

Чилеанецот продолжи без загубен сет во досегашниот тек на турнирот и за првпат во својата кариера се пласираше во едно полуфинале на Мастерс од серијата 1000, успех кој стана реален по денешната победа над Жижен Жанг.

Табило игра со огромна самодоверба по победата над светскиот рекет број еден и на четири меча во низа не загуби сет, а вклучувајќи го и претходниот турнир, има осум победи во низа.

Чилеанецот доминираше и го доби првото четвртфинале во Рим со 6:3 и 6:4, па на максимално убедлив начин се пласираше меѓу четворицата најдобри во Рим.

„Џелатот“ на Ноле сега мирно ќе може да го гледа вториот четвртфинале меч меѓу Фриц и Зверев, од кој ќе го добие противникот во полуфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни