Поврзете се со нас

Англија

Ќе се води голема битка на „Вембли“ за последниот билет кој носи место во Премиер лигата

Објавено

на

foto:x.com/SouthamptonFC

Лестер и Ипсвич преку основниот дел од шампионатот се изборија за пласман во Премиер лигата, но уште еден тим ќе добие можност да биде дел од англиската фудбалска елита, а тоа ќе биде победникот од Саутемптон и Лидс Јунајтед.

Имено „светците“ вечерва го надиграа Вест Бромвич Албион со 3-1, резултат доволен да го добие овој двомеч и обезбеди финале на „Вембли“ кое е закажано за 26 мај.

Сити погодоци паднаа во вториот дел, Саутемптон преку Смолбоун и Армстронг (2) дојдоа до водство од 3-0 за да потоа почесниот гол за гостите го даде Кипри во 97 минута.

Вчера пак Лидс го разби Норич со 4-0 во реваншот, па ова значи дека или Саутемптон или екс тимот на Џани Алиоски одново ќе ги гледаме во Премиер лигата во натпреварувачката 2024/2025.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни