Поврзете се со нас

Шпанија

Шок за ѕвездата на Бетис: Иско ќе го пропушти ЕП поради повреда

Објавено

на

фото: https://twitter.com/RealBetis

Иско одигра одлична сезона во дресот на Бетис и беше сериозен кандидат за настап на Европското првенство, но ќе го пропушти престижниот турнир поради повреда.

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го имаше искусниот играч за врска во своите планови, но оваа опција паѓа во вода откако денеска прегледите покажале дека повредата на Иско е сериозна и тој нема да биде подготвен за настап на шампионатот во Германија.

Фудбалерот на Бетис заработи повреда на дуелот со Лас Палмас, а прегледите утврдија дека се работи за посериозен проблем од првичните прогнози и очекувања.

Иско заработил фрактура на ногата и тоа било утврдено со денешните детални прегледи, па со тоа заврши и неговата амбиција да го носи дресот на шпанската репрезентација на ЕП.

Повредата доаѓа и во пресрет на соочувањето на Бетис со Реал Сосиедад, во кое тимот од Севилја ќе игра против директен ривал за пласман во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни