Поврзете се со нас

Свет

Маџовски пред преселба во еден од најдобрите клубови во соседството

Објавено

на

Повремениот македонски репрезентативец, Бојан Маџовски е на добар пат да се пресели во еден од најдобрите клубови во соседството или поточно во Србија-тимот на Партизан.

Левото крило последниот ангажман го имаше во Ловќен од Црна Гора, тим со кој се раздели и сега како слободен играч би требало да премине во Партизан.

Ова е информацијата која ја сподели „Моцарт Спорт“, медиум кој воедно пренесува дека „црно-белите“ ќе бидат амбициозни во кампањата 2024/2025, ќе донесет квалитетни засилувања со кои ќе се обидат да имаат уште подобра сезона од оваа во која го освоија Купот на Србија, а во домашното првенство ќе се борат за третото место.

Маџовски во досегашната кариера има настапувано уште за Металург и Пелистер.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни