Поврзете се со нас

ВТА

Стоилковска обезбеди полуфинале во двојки во Куршумлијска Бања

Објавено

на

Фото: www.mtftennis.mk

Магдалена Стоилковска продолжува со одличниот настап во игра на двојки во Куршумлијска Бања каде заедно со Екатерина Казионова обезбедија пласман во полуфиналето на фјучерсот што се игра на земјена подлога за вредност од 15.000 долари.

Македонско-руската комбинација денеска ги надигра Грете Гул и Ана Марија Тотруп од Естонија со 2-1 во сетови. Стоилковска и Казионова беа моќни во првиот сет со 6-1, потоа добија силен одговор од противничките со 6-0 за да во решавачката рунда бидат подобри со 10-5.

На патот до големото финале Магдалена и Екатерина ги очекува голема пречка, тоа се вторите носителки Теа Лукиќ од Германија и Наталија Сениќ од Србија.

Инаку кога е во прашање нашиот тенис, Горазд Србљак ги заврши мечевите во Куршумлијска Бања и тоа откако загуби од Бранко Ѓуриќ со 2-0 во сетови (63 62) за 92 минути.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни