Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике доби директно прашање за трансферот на Мбапе во Реал: Сакам врнежливи денови….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе го најави своето заминување од ПСЖ и пред него претстојат уште само три натпревари како член на „светците“, два во Лига 1 и еден во финалето на Купот.

Француската ѕвезда веќе се збогуваше на „Паркот на принцовите“ и доби величествено испраќање од фановите, но во период кога се чека крај на сезоната, Мбапе не сакаше да открива која ќе биде негова следна дестинација.

Французините и Шпанците се убедени дека негов следен клуб е Реал Мадрид, а откако еден новинар се обиде да дознае повеќе работи од Луис Енрике за Реал како клуб и Шпанија како држава, Лучо возврати со брилијантен одговор во негов стил.

– Денешниот ден е врнежлив, но исто така многу убав бидејќи се дише чист воздух…. Ми се допаѓаат врнежливите денови, ме потсетуваат на моето родно место, на мојот Хихон.

– Јас сум 100 проценти „хихонес“, „плају“ како се нарекуваме меѓу себе. Мислам дека многу добро ти одговорив на прашањето кое го постави, – порача Луис Енрике, кој дефинитивно не го задоволи новинарот со одговорот кој го даде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни