Англија
Премиерлигашки клуб побарал 100 милиони евра за тренерската цел на Баерн
Баерн Минхен влезе во фаза во која има и очајнички обиди да најде нов тренер за својот проект, откако спортскиот директор Макс Еберл веќе беше одбиен од тројца тренери кои беа посочени како идеални за опкружувањето на баварците.
Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник се тројцата кои категорично ја одбија понудата од баварците, па тоа ги натера одговорните луѓе во клубот да го прошират хоризонтот и да бараат и други опции на трансфер пазарот.
Последно име за кое доста се шпекулираше во Германја е Оливер Гласнер, но менаџерот на Астон Вила не добил ниту шанса да даде одговор за понудата од Баерн, бидејќи премиерлигашот поставил нереална цена за својот менаџер кој го ангажираше пред извесно време.
Како што јавуваат германските медиуми, Баерн понудил 18 милиони евра како обесштетување за австрискиот стручњак кој претходно изворедно го водеше Ајнтрахт Франкфурт, но Кристал Палас им порачал на баварците да се вратат со понуда од 100 милиони евра.
Ова е сумата која „орлите“ ја побарале за својот менаџер, по што Баерн веднаш ја прекинал цела операција и се свртел кон други опции, меѓу кои е и онаа за останување на Томас Тухел.
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч