Карате
Реакција на карате тренерот Жарко Арсовски: На подготовките за СП во Будимпешта испративме максимално подготвени репрезентативци, а на првенството се појавија демотивирани и во екстремно лоша форма
На подготовките за сениорското светско првенство во карате, што се одржа во Будимпешта минатата седмица, домашните тренери испратија максимално подготвени репрезентативци кои требаше да освојат медали, а на првенството ниту еден од нив не покажа ниту 30% од своите можности.
Што се случуваше на подготовките на репрезентативците и зошто толку драстично им падна формата за само две недели? Ова се дел од прашањата што јавно ги постави Жарко Арсовски, прв освојувач на медал од светско првенство за Македонија од 2010 година, еден од тренерите на најтрофејниот каратист во Македонија, Емил Павлов и еден од тренерите на карате клубот „Штип“.
Арсовски реагира на формата што ја прикажале македонските карате-репрезентативци на Светското првенство во Унгарија во делот на борбите, односно дисциплината (кумите). Тој тврди дека формата им била крајно лоша, но не по нивна вина. Арсовски објаснува дека пред почетокот на подготовките репрезентативците биле во врвна форма, а тоа може да го потврди бидејќи голем дел од нив се негови ученици што ги тренира, а останатите се каратисти со кои заеднички се подготвувале за настапи, како и за идните предизвици во каратето.
– Тврдам со факти дека на подготовките ги испративме репрезентативците максимално спремни, а на СП ниту еден репрезентативец не покажа ниту 30% од своите можности. Ќе земам слобода да дадам мислење за Емил Павлов, затоа што е мој натпреварувач. Емил на Балканското првенство во финалето се сретна со актуелниот вицешампион, Ненад Дуловиќ од Црна Гора. Тоа беше борба каде Емил беше видно оштетен, а борбата заврши 6:5 за Дуловиќ. Емил тогаш покажа карактер на спортист кој сѐ уште е во врвот на каратето, да им парира на светските карате велесили и да биде во борба за нов светски медал. Втората контрола на формата на Емил беше Серија А, светска лига во Ларнака-Кипар. Одлични 4 победи и 2 минимални порази буквално во последните секунди, а притоа многу поени во сите борби со многу пресврти. Ги гледав сите наши репрезентативци на Балканското првенство и на Серија А и бев пријатно изненаден. Сите каратисти покажаа желба за победа и голема пожртвуваност, некои освоија медали, а сите останати беа многу блиску до освојување – вели Арсовски.
По ова, нашите спортисти заминале на подготовки за Светското првенство со нивниот селектор и не биле под контрола на тренерите нешто повеќе од две недели. Арсовски вели дека тој и уште двајца тренери не биле во делот на официјалните лица и на свој трошок отишле во Будимпешта за да ги бодрат нашите каратисти. Сите очекувале дека голем дел од репрезентативците ќе бидат во борба за медали бидејќи сите биле во одлична форма до почетокот на подготовките.
– Кога почнаа борбите се случи токму спротивното, со многу малку освоени поени, многу порази, без желба за победа. Едноставно како сите да чекаа конечно првенството да заврши. Нема да спомнувам имиња, туку ќе кажам дека ниту еден репрезентативец не беше на ниво на своите можности. Меѓутоа, сигурен сум дека не се тие виновни. Останува прашањето,што се случуваше на подготовките? Зошто толку драстично им падна формата за само недели? Дали беа премногу форсирани или недоволно тренирани за тие две недели кога не беа под наша грижа? Дали беа тактички погрешно советувани? Дали имаше некои кавги и несогласувања во самиот тренинг центар, па тоа негативно влијаеше на спортистите? Дали беа недоволно мотивирани? – прашува Арсовски.
Тој истакнува дека не е првпат да се поставуваат овие прашања, туку тие отворено се поставуваат по секое европско и светско првенство откако карате-репрезентацијата има нов селектор-тренер и негови помошници, од кои дел немаат ниту активен клуб со натпреварувачи.
– Немам друг избор освен да барам оставка од селекторот Александар Кузмановски. Никој не ги оспорува кадетско-јуниорските резултати, но овде зборуваме за сениори, друга димензија на карате, која очигледно е преголем залак за него. Ќе го замолам да му го отстапи местото на некој што позитивно ќе одговори на оваа задача. Се надевам дека моите зборови ќе допрат до голем дел од македонските љубители на карате спортот и заедно, рамо до рамо, ќе реагираме заеднички со една и единствена цел – враќање на каратето на победничките патеки со нови шампиони и со негување и мотивирање на постојните како лидери на тимовите – завршува Арсовски.
-
Свет9 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
Свет16 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Лига на нации19 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Италија18 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Лига на нации14 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Јамал се огласи и испрати порака по повредата која ја заработи против Данска
-
НБА16 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)