АБА лига
МЗТ бара помош од навивачите за дуелот со Спартак Суботица: Само со заеднички сили…
Екипата на МЗТ Скопје е домаќин на Спартак Суботица во првиот меч од полуфиналето во АБА2 лигата, натпревар закажан за в сабота од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Гостите од Србија имаат навистина квалитетен тим и МЗТ ќе мора да се покаже во најдобро светло, да нема празни периоди во играта ако сака позитивен резултат.
Секако за ова е потребна и поддршка од публиката, па од управата на клубот се огласија со соопштение, повик до навивачите да дојдат во што поголем број и да помогнат во остварување на целта. Влезот ќе биде бесплатен!!!
-Пред нашите момци е најважниот период од годината во кој ќе се брка остварување на секогаш највисоките цели, а кој почнува на 27 април (сабота) со првиот полуфинален дуел од NLB ABA League 2 против Спартак Суботица (19 часот) и тоа на домашен терен.
Ова дефинитивно е една од најважните пресметки во досегашниот дел од сезоната. Тоа го знаат и избраниците на тренерот Васко Атанасов, кои изминатиов период напорно работеа на дополнително усовршување на сѐ што досега имаа работено. Предизвикот е голем, противникот е фаворизиран, но KK MZT Skopje Aerodrom секогаш бил најдобар и најборбен кога било напотребно.
-Веруваме дека така се чувствуваат и сите наши навивачи и симпатизери, за кои сме сигурни дека ќе дојдат во голем број на задутрешната пресметка, со цел да им дадат поддршка на своите миленици. Само со заеднички сили би можеле да дојдеме до посакуваното финале, а за што ни треба уште една во низа МВП партија на нашиот „шести играч“, за која не се сомневаме дека ќе се случи.
-В сабота сите патишта нека водат во „Јане Сандански“, а трибините нека бидат претесни да ги примат сите што сакаат да ни помогнат. Ако се случи тоа, тогаш уверени сме дека на крајот сите заедно ќе се радуваме.
ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН! -стои во објавата на социјалните мрежи.
-
Англијапред 8 часа
Ова се чекаше повеќе од две децении: Ипсвич повторно ќе игра во Премиер лигата (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Касано распали и по Инѕаги: Го освои Скудетото, но треба да биде обвинет за неуспех!
-
НБАпред 15 часа
Далас обезбеди следна плејоф рунда, 50 поени на Мичел недоволни за победа на Кливленд
-
Англијапред 10 часа
„Скај Спорт“ ги истипува со точен резултат сите средби од Премиер лигата
-
Шпанијапред 13 часа
Начо решил да го напушти Реал, има план и за следниот ангажман
-
Шпанијапред 5 часа
Арда им продаде фудбалски деликатес на двајца противнички фудбалери, па доби стоечки овации од „Бернабеу“ (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Клоп влезе во „војна“: Премиер лигата не е преценета, играчите се преработени! (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Постекоглу најави интересно лето: Тотенхем мора да прави промени во ростерот