Поврзете се со нас

Англија

Клоп влезе во „војна“: Премиер лигата не е преценета, играчите се преработени! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп остана без шанси да се бори за титулата во последните три кола во Премиер лигата, па затоа реши да се занимава за теми кои му предизвикуваа доста нервози во изминатите неколку години.

Германецот ги брои последните денови како менаџер на Ливерпул и добро познато е дека си оди по крајот на сезоната, но пред да го направи тоа, реши да раскрсти со една позната телевизиска куќа која има големо значење во Англија.

„ТНТ Спортс“ е една од ТВ куќите кои го одредуваат распоредот на натпревари во Премиер лигата, па поради целосно различниот став со вработените експерти во споменатиот медиум, Клоп јавно најави дека веќе никогаш повеќе нема да го гледа нивното шоу.

Јирген нагласи дека на Ливерпул му се направил криминал оваа сезона со нерационален и нелогичен распоред на низа натпревари, а во бурното обраќање кое го имаше, не заборави да ги потсети телевисиките куќи дека тие се оние кои егзистираат од фудбалот.

– Се зборува дека нема англиски екипи во Европа и дека тоа е неуспех. Премиер лигата е најдобра во светот и не е преценета. Едноставно е, играчите се преработени. Некој треба да им помогне, треба да се скрати некој натпревар. Пред некој ден имав дискусија со луѓето од мојот омилен ТВ канал „ТНТ“, но можам да ви кажам дека никогаш повеќе нема да го гледам тој канал. Тие постојано велат „Ве плаќаат, ви даваат пари за да играте“……

– Јас мислам дека е целосно обратно, фудбалот ги плаќа нив. Тие емитуваат и испорачуваат натпревари, но не би рекол дека „ТНТ“ и „Скај“ прават добра работа. Треба да бидете партнер на фудбалот, а не да го цедите. Тоа е мал совет од стар човек на заминување. Ќе гледам фудбал и во иднина, но не секој натпревар. Луѓето можат да преживаат без фудбалски меч од време на време, – порача Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни