Поврзете се со нас

Шпанија

Начо решил да го напушти Реал, има план и за следниот ангажман

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид нема да смета на Начо Фернандез од следната сезона, бидејќи желба на фудбалерот е да го напушти „Бернабеу“ и да прифати нов предизвик во кариерата.

Дефанзивецот има клучна улога во тимот на Карло Анчелоти во ситуациите во кои Реал има повредени фудбалери во одбраната, но тој самиот не е задоволен од односот кон него на тренерот и затоа решил дека треба да се раздели со „кралскиот клуб“.

Начо се налутил и на гостувањето во Минхен, каде иако коректно ја заврши својата работа во одбрана, беше прв заменет играч од страна на Анчелоти, па таквиот пристап на тренерот му бил дополнителна потврда дека не треба да отстапува од зацртаното.

Шпанскиот фудбалер имал понуди од неколку европски клубови, како и од Саудиска Арабија, но негов приоритет е Северна Америка, односно МЛС лигата каде веројанто лесно ќе може да најде клуб во чии редови би настапувал.

Начо е во Реал од 2001 година кога станува член на младинската академија, а во сениорскиот тим настапува од 2011 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни