Поврзете се со нас

Шпанија

Арда им продаде фудбалски деликатес на двајца противнички фудбалери, па доби стоечки овации од „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Арда Ѓулер за првпат беше стартер на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа беше доволно добар мотив да биде посебно инспириран, по мора да се напомене дека мечот го заврши со стоечки овации од гледалиштето.

Иако не се изнаигра во првата сезона како член на Реал, Турчинот ги запозна сите фанови на Реал со својата класа и техничките квалитети, а во последно време почна да ги прикажува истите и на фудбалскиот терен.

Карло Анчелоти полека почна да го внесува почесто во својата ротација и денеска Арда почна од првата минута, а веќе во првиот дел изведе еден технички деликатес кој не остави никого рамнодушен.

Ѓулер со своето елегантно движење потсети на Лука Модриќ и мајсторски се ослободи од двајца играчи на Кадис, но тоа беше само еден од низата добри потези на овој натпревар.

Пред крајот на првиот дел, Арда одлично комбинираше со пета со Лука Модриќ, па тоа беше повеќе од доволно за да добие стоечки овации кога го напушташе теренот во 66-та минута.

Целата акција погледнете ја ТУКА

Стоечките овации погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни