Поврзете се со нас

Германија

Крај на една романтична приказна: Ројс си оди од Борусија на крајот од сезоната (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Марко Ројс е симбол за верност и еден од ретките фудбалски романтичари кои останаа активни во модерниот фудбал, па токму поради тоа веста за негово заминување од Борусија Дортмунд брзо стана топ тема во Германија.

Капитенот на Борусија денеска самиот соопшти дека нема да добие нов договор и дека ќе ја заврши својата незборавна авантура на „Сигнал Идуна парк“, која најпрво започна во младинските категории, а која продолжи од 2012-та до оваа 2024-та година.

После 12 години минати во првиот тим, Ројс ќе се прости од саканиот клуб на крајот од оваа сезона, па уште отсега јасно е дека ќе има многу емоции на последниот меч кој ќе го одигра на „Вестфален“.

– Неверојатно сум благодарен и горд на овој специјален клуб, Борусија Дортмунд. Половина од мојот живот минав во овој клуб и уживав секој изминат ден, иако имаше и тешки моменти. Знам дека ќе ми биде тешко да кажам збогум на крајот од сезоната, но среќен сум што се е јасно за мојата иднина и што можеме да се фокусираме на најважните натпревари до крајот на сезоната.

– Имаме голема цел до крајот и сите сме сплотени во остварување на истата. За да стигнеме до посакуваната цел, потребни ќе ни бидат сите фанови, до кои сакам да испратам посебна благодарност за сета поддршка која ми ја даваа низ годините, – изјави Ројс.

Марко својата младинската кариера ја мина во Борусија и прв професионален клуб му беше Ален, но откако се покажа одлично во Борусија Менхегладбах, во 2012-та година се врати во љубовта на својот живот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни