Поврзете се со нас

Шах

Звонко Станојоски е најдобро пласиран македонски шахист на меѓународниот рапид турнир во Прилеп

Објавено

на

Викендов во Прилеп се одигра турнирот во забрзан шах – „МАТ 2024“, каде што учесниците имаа на располагање вкупно 15 минути и плус 5 секунди за секој одигран потег.

Ова е втор Меморијален турнир во забрзан шах во чест на прилепските шаховски легенди Митре Џајковски, Александар Тодоровски, Тане Дулев, Миле Богески и Јордан Ѓорѓимајкоски  на кој учествуваа 173 шахисти од 5 земји: Македонија, Грција, Србија, Бугарија и Данска.

Конкуренцијата беше многу силна со присуство на комплетната машка и женска репрезентација на Македонија,3 шахисти со веламајсторка титула,6 интернационални мајстори и 5 фиде мајстори.

Победничкиот трофеј му припадна на ИМ од Србија Милош Станковиќ кој освои импозантни 8,5 поени од 9 партии, притоа ремизирајќи само со второпласираниот ВМ Звонко Станојоски, додека третото место му припадна на ВМ Петар Дренчев од Бугарија.

Парични награди освоија првопласираните 10 играчи,и уште 5 специјални награди. Организацијата беше пример како треба да биде на секој турнир и се помина во најдобар ред.

– Голема благодарност за фамилиите на прилепските легенди и сите кои помогнаа за да овој турнир остане во убави спомени на сите присутни. Се гледаме до година на 3 турнир „МАТ 2025“,- напиша ИМ Тони Кироски во улога на организатор и главен судија на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни